Kitchen TV ја шири мрежата на гледачи во регионот: Сигнал на единствениот домашен кулинарски канал и во Македонија
Kitchen TV, единствениот регионален кулинарски канал, од почетокот на 2018та може да се гледа и на територијата на Македонија. Имено, Телеком Македонија, најголемиот дистрибутер на ТВ содржини во земјата, го вброји Kitchen TV на позицијата 114 во основниот кориснички пакет.

Инаку, покрај Србија, каде засега програмата на Kitchen TV може да се следи на MTS TV канал 265 и Антена Плус, во се’ популарните гастрономски и кулинарски содржини можат да уживаат и гледачите во Босна и Херцеговина, Црна Гора и Бугарија.

Така, Kitchen TV, како единствен медиумски проект, по само година и половина од основањето е на чекор од исполнувањето на основната цел – програмски да ги обедини сите земји од регионот и на гледачите да им понуди најквалитетна содржина и да стане лидер во производство и емитување на кулинарски и гастрономско-туристички ТВ емисии.
Што можат гледачите да очекуваат од Kitchen TV?

– Промоција на заеднички гастрономски, културни и туристички вредности со почит кон локалните специфичности
– 24-часовна ТВ програма, 40 формати, 16 ексклузивни наслови, повеќе од 3000 епизоди и 1000 часа забава и едукација
– Одбрана продукција од Србија, Хрватска, Македонија, Босна и Херцеговина, Словенија, Црна Гора
– Најдобри готвачи од регионот – повеќе од 30 шефици и шефови
– Највкусна храна – повеќе од 10000 оригинални рецепти
– За секого по нешто – традиционални рецепти, здрава храна, модерна кујна, вкусни слатки, заборавени рецепти
Кога вкусовите ќе проговорат – KITCHEN TV!





