Širimo broj gledalaca u regionu – Kitchen TV od sada i na A1 Makedonija (osnovni paket, pozicija 67)

Го прошируваме бројот на гледачи во регионот – Кичен ТВ отсега и на А1 Македонија (основен пакет, позиција 67)
Kичен ТВ е единствениот проект во регионот кој е целосно посветен на кујната, храната, туризмот, културата, традицијата и здравите начини на живот. Имајќи предвид дека поголемиот дел од регионот е близок во однос на јазикот, културата и менталитетот, и дека народите од овој дел на Европа споделуваат кулинарска традиција, целта на Kичен ТВ е да ги промовира сите локални специјалитети. После тоа, Kичен TВ е единствениот проект на медиумската сцена во земјите од регионот.
Кичен ТВ моментално се емитува во седум земји: Словенија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Македонија, и Бугарија. Неколкумилионската публика потврди дека храната, културата и добрата забава претставени во разновидна програма составена од повеќе од 50 серии, со квалитетна продукција снимена во 4K технологија, се гаранција за успех за гледачите. За Кичен ТВ познатиот македонски готвач Дејан Карапеев ја снима серијата Сончева гозба.
Kичен ТВ нуди содржини што никој досега не ги составил на еден ТВ канал!
– 24-часовна ТВ програма
– Повеќе од 50 кулинарски серии снимени исклучиво за Kичен ТВ – Повеќе од 5000 епизоди
– Илјадници часови забава и уживање
– Повеќе вкусови, бои и мириси отколку на кој било друг ТВ канал – Традиционални рецепти
– Модерна кујна
– Вкусни задоволства
– Здрава храна
Уживајте во гледањето!